Осудени Хрвати кои Србите ги мачеле со електрошокови и ги терале да се соблекуваат

Од:

Стјепан Клариќ, поранешен командант на центарот во Керастинце осуден е на 3 и пол години затвор поради злоставување на припадници на ЈНА но и српски цивили заробени во околината на Загреб и Сисак.

Судијата во жупанискиот суд во Загреб Маријан Ѓурац, за военото злосторство односно мачењето на 34 воени заробеници во периодот од 1991 до 1992 година осуди и четворица војници кои му биле подредени на Клариќ-Дражен Павловиќ, Жељко Живец и Горан Штрукељ кои добија по една година затвор, и Виктор Иванчиќ кој доби две години затвор.

Судијата за обвинетите како олеснителна околност го сметаше нивното учество во војната за одбрана на татковината, но и нивната лоша имотна состојба.

По обвинението кое Клариќ и останатите го негираа, злоставувањата почнале во тогашниот воен затвор во Гајевата улуца, каде е седиштето на Државното обвинителство, а заробениците подоцна биле преместени во екс ракетната база на ЈНА во Керастинце Таму биле претепувани, мачени со електрошокови, но биле принудувани и да се соблекуваат и на орален секс.

На сексуално малтретирање биле подвргнати и десетина жени, а во затворот имало и фингирани судења во текот на кои затворениците морале меѓусебно да се тепаат.

Би можело да ве интересира

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

Драма во Хрватска: Маж запали две куќи и повреди полицаец

Горан Наумовски

Драма во Загреб: Вооружен маж влезе во болница, за брзо време пристигна полицијата