Колор-монографија за манастирот „Свети Наум Охридски“ од академик Цветан Грозданов ќе биде промовирана денеска во салата на Соборниот храм на Македонската православна црква Охридска архиепископија.
Монографијата е во издание на Македонската академија на науките и уметностите и Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.
Најавено е за најновото дело на познатиот научник да говорат поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски.