Кошаркарите на Кожув поразени во Бар

Од:

Екипата на Кожув претрпе пораз од 91:87 вечерва од Морнар во рамките на натпреварот од 4.коло од БИБЛ лигата што се одигра во Бар. Ова за нашиот претставник во ова натпреварување беше трет пораз, додека екипата на Морнар има максимални четири победи.

Резултатот по четвртини: 29:23; 26:25; 15:22 и 21:17.

Домашната екипа подобро играше во првото полувреме кога во два наврати водеше со девет поени разлика (29:20 и 54:45). Сепак тимот на Кожув во вториот дел успеа да стигне до изедначување, а во првите минути од последниот период двете екипи се менуваа во водството.

Најефикасен кај победникот беше Остин Четмен со 23 поени, додека кај Кожув најмногу поени постигна Брендон Пен – 21.

Табела: Морнар 4-0 (победи-порази), Сигал Приштина 2-1, Кожув 1-3, Берое 0-3.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос