Косовската независност е неспорна, но нормализацијата на односите со Србија ќе биде клучна за напредокот на Косово, изјави денеска во Приштина, Хилари Клинтон.
„За тоа е потребна политичка волја, дури и храброст, но ако напредуваат на овој пат и Србија и Косово ќе добијат помош за решавањето на другите итни проблеми“, рече Клинтон, која денеска заедно со високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон се сретна со косовскиот претседател и премиер.
По состанокот Клинтон-Ештон-Тачи, одржана е прес-конференција, на која Клинтон подвлече дека САД нема да ја доведува во прашање независноста на Косово.
„Се противиме на секој разговор за промената на границите или повторно отворање на прашањето за независност на Косово. За тоа не може да се разговара“, рече таа.
„За мене, моето семејство и за американските жители, тоа е повеќе од прашање за надворешната политика. Тоа е лично прашање“, вели Хилари Клинтон.
Според неа, на раководствот на Косово им се пренесени истите пораки како и во Србија, дека договорот кој е постигнат со дијалогот во Брисел мора да се спроведе. Хилари додаде дека САД секогаш и на секој чекор биле со народот на Косово и ќе осанат партнери на патот на косовскиот развој.
„Јас сум овде денеска со високата претставничка на ЕУ, поради тоа што САД во потполност го поддржува стремежот на народот во Косово, да биде дел од ЕУ и евроатланските интеграции“, вели Клинтон.
Шефицата на американската дипломатија побара да се продолжи политичкиот дијалог во процесот на нормализација на односите меѓу Косово и Србија и истакна дека премиерот Тачи, презел политички ризик со средбата си премиерот на Србија, Ивица Дачиќ во Брисел.
„Со оглед дека иднината на Косово е во Европа, ние на тој пат ќе бидеме со вас. Ние ќе бидеме со вас и додека со Србија разговарате за нормализација на односите“, изјави Клинтон.
Високата претсатвничка на ЕУ, Кетрин Ештон кажа дека патот кон Унијата не е лесен, но дека на крај на тој пат, Косово ќе биде земја каде што ќе се почитува законот и редот и која ќе обезбеди економски просперитет.
„Целта е да се подобрат работите, процесот треба да оди напред. Треба да знаете дека на тоа ќе се ангажира не само ЕУ, туку во тој процес тесно ќе соработуваме со САД“, рече Кетрин Ештон.
Хашим Тачи изјави дека Косово и неговите граѓани доживотно ќе и бидат благодарни на САД и на земјите од Западна Европа за се што направиле за Косово. Без разлика на големиот напредок на Косово, се уште не е „Косово од соништата“.
„Ние работиме за европско и евроатланско Косово. Свесни сме дека треба уште многу да направиме, за редот и законот, против корупцијата, за благосостојбата на граѓаните и за помасовно учество на претставниците на малцинствата во друштвениот и политички живот на Косово“, изјави Хашим Тачи.
„Институциите на Косово ќе ги исполнат сите критериуми да се интегрираат во ЕУ и НАТО. За интеграцијата во ЕУ нема алтернативи“, додаде тој.
Државната секретарка на САД и високата претсавничка на ЕУ веќе беа во БиХ и Србија, а по разговорите со Тачи и Јахјага, заминуваат во Тирана.