Кампања „Зонта вели не на насилството врз жените и девојчињата“

Од:

Зонта клубот Скопје денеска во 18 часот во МКЦ Клуб ресторан ќе ја најави кампањата „Зонта вели НЕ на насилството врз жените и девојчињата“.

Кампањата е финансирана од УСАИД и е дел од глобалната кампања за подигнување на јавната свест „Обои го светот во портокалова боја“. Портокаловата боја симболизира подобра иднина без насилство врз жените и е поврзана со кампањата што се случува секоја година  од 25 Ноември-Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените и 10 Декември-Меѓународен ден за човекови права. 

Пред присутните предвидено е да се обратат директорот на Мисијата на УСАИД Џејмс Стејн и постојаниот координатор на Обединетите нации Лујза Винтон.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза