Јанева се смести во канцелариите каде ќе се истражува криминалот од „бомбите“

Од:

Тимот на специјалното јавно обвинителство се смести во канцелариите каде ќе се истражува криминалот од политичките „бомби“. Новите простории на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се наоѓаат на ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.28/2-3, Скопје. На фесбук страната на ова јавно обвинителство денеска беа објавени фотографии од просториите.

Од таму информираат дека специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, заедно со уште три обвинители од тимот и еден истражител, деновиве учествувале на семинар кој треба да го зајакне нивното знаење за финансискиот криминал.

132912588

„На семинарот се дискутираше за новата регулатива во областа на финансиските истраги, идентификацијата на сомнителните трансакции и соработката со финасиските институции, меѓуинституционалната соработка, меѓународните и регионални искуства во финансиските истраги и искуствата на Црна Гора во финансиските истраги“, соопштуваат од таму.

Семинарот „Финансиски истраги и меѓународна соработка“ се одржал на 23 и 24 ноември 2015 година под покровителство на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Подгорица. На него учествувале јавните обвинители Љубомир Лапе, Марија Горгева и Бурим Рустеми и истражителот Атанас Гинев.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски