Будуќност се засили со Американецот Лемб

Од:

Американскиот кошаркар Дорон Лемб го засили тимот на Будуќност од Подгорица, потврдено е на интернет страницата на АБА лигата.

Тој на новите соиграчи ќе им се приклучи во петок, а договорот црногорскиот шампион е со важност до крајот на сезоната.

Лемб во Подгорица доаѓа од Развојната НБА лига. Минатата сезона настапуваше за Вестчестер постигнувајќи во просек 17,7 поени, 4,4 скокови и 2,4 асистенции.

Овој 24-годишен бек како студент на Универзитетот во Кентаки го освои НЦАА шампионатот во 2012 година, а во НБА лигата играше за Милвоки и Орландо.

Дебито на Лемб во Будуќност е најавено за вторник против Трабзон во Еврокупот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос