Шојгу: Пилотот пристигна во руската база жив и здрав

Од:

Еден од двајцата пилоти кои се катапултираа од рускиот авион, што го собори турската војска, го спасија сириските и руските сили и тој е сега безбеден, изјави денеска министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

– Операцијата успешно заврши. Пилотот е доведен во нашата база. Жив и здрав, потенцира рускиот министер за одбрана.

Тој истакна дека операцијата за спасување траела 12 часа и се заблагодари на сите кои цела ноќ работеле на тоа, со големи ризици.

Другиот пилот е повреден додека се спуштал авионот,  а потоа е убиен од страна на џихадистите во регионот, изјави денеска рускиот амбасадор во Франција, Александар Орлов.

– Кога авионот е соборен, двата пилоти се катапултирале од леталото, од кои едниот најпрво е повреден кога се спуштил со подоборанот, а потоа на земја дивјачки е убиен од страна на џихадистите од регионот, рече Орлов во изјава за радио „Ероп 1“.

Турција вчера наутро собори руски воен авион на границата со Сирија бидејќи, како што тврди турската војска, го повредил воздушниот простор на Турција иако повеќепати бил предупреден, додека руското Министерство за одбрана истакнува дека рускиот авион не го нарушил турскиот воздушен простор.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он