ФОТО: Што се можеше да се направи со парите за палмите?

Од:

Граѓани и активисти од Прилеп, Скопје, Велес, Ресен и Гевгелија спроведоа улична акција против непотребните трошења и на властите им порачаа: „Наши пари за наши потреби!”.

Gevgelija a

Палмите кои никнаа низ градовите се уште еден симбол за трошењето на чоколада кога немаме ни за леб. Палмите се скапи да се набават, скапи за одржување, бараат посебна заштита и може да влијаат врз нарушување на природната рамнотежа во областите каде што се насадени. Во време кога граѓаните страдаат, купувањето палми е луксуз и глупост.

Gevgelija

Граѓаните посочија што можеше да се направи со парите кои беа потрошени на палмите. Граѓаните знаат дека со парите од палмите можеше многу подобро!

–          Со парите потрошени на палмите можеше да се исчисти троската позади велешкаата Топилница!

–          Со парите од палмите Гевгелија можеше да добие нови водоснабдителни бунари и да се спаси од Арсенот!

–          Со парите потрошени на палми можеше да се реновира прилепската болница!

–          Со парите од палмите можеше да се уреди парк-шумата Гази Баба!

–          Со парите од палмите струшката вода можеше да се хлорира и да биде исправна за пиење во наредните 10 години!

–          Со парите од палмите можеше да се излекуваат десетици деца од тешки болести!

? Gazi Baba Prilep a Resen Skopje a Skopje Struga ?

Би можело да ве интересира

Палмите на Вардар „облечени“ во ќеси за да не замрзнат

Катерина Ѓуровски

УНЕСКО чека, градоначалникот на Охрид се фати за палмите

Кристијан Ландов

ФОТО: Палми и во Ново Лисиче

Ана Ололовска

Караџовски: Неколку палми се во фаза на исушување, ама не се исушени

Емир Латифовиќ

ДОМ: Заштита од „палмизација“ на Охрид

Поповска: Кој е мотивот стотици палми да се засадат во Македонија?

Емир Латифовиќ