Во рамки на поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија денеска во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ ќе настапат 20 истакнати поети од различни генерации.
Поетскиот караван на ДПМ ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“, што е составен дел на Деновите на Блаже Конески, кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.