ВМРО-ДПМНЕ: Предлог-буџетот на Град Скопје за 2016 развоен и транспарентен

Од:

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Предлог-буџетот на Град Скопје за 2016 година е развоен, со голем број капитални проекти и инвестиции и оти ќе одговори на барањата и потребите на граѓаните на Скопје. Ова денеска го изјави Слободанка Алексовска, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

– За капитални расходи се предвидени 3.190.380.000 денари или 46,3 проценти од вкупниот предлог-буџет на Град Скопје за 2016 година. Во него се опфатени проекти во сите области кои се во надлежност на Град Скопје, рече Алексовска и додаде дека за реконструкција и изградба на улици и булевари, велосипедски патеки, водоводна, атмосферска и фекална мрежа се предвидени околу 2,5 милијарди денари.

Таа појасни дека буџетот е направен за граѓаните во целосно транспарентна постапка.

– Буџетот е правен во долга, транспарентна постапка и се вклучија сите политички партии застапени во Советот на Град Скопје, како и сите 10 општини преку давање предлози за проекти кои тие сметаат дека е неопходно да се реализираат. И граѓаните се вклучија во процесот на креирање на буџетот на Град Скопје, преку нивните најнепосредни претставници, претставниците од урбаните и месните заедници, потенцира Алексовска.

Во Предлог-буџетот на Град Скопје се предвидени проекти што ќе се реализираат во сите десет скопски општини. Во 2016 година ќе се реализира втората фаза од проектот за реконструкција и проширување на булеварот „Партизански одреди“ до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“, ќе почне изградбата на новиот кружен тек на булеварот „8 Септември“, кај Хубо Маркет, ќе се реши проблемот со водоснабдување на жителите од Шуто Оризари…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Син уби татко во Скопје

А1он

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски