Најмалку две лица загинаа во земјотресот со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала во мексиканската западна држава Гереро, соопштија мексиканските власти.
Во земјотресот загинаа двајца работници, кои поставувале канализациски цевки во општината Кокотитлан.
Мексиканските власти соопштија дека засега нема податоци за материјална штета.
Според податоците на националната Сеизмолошка служба епицентарот на земјотресот бил на четири километри североисточно од градот Сан Маркос, на длабочина од десет километри.