Видеоѕо кое се појави на Интернет ги покажува некои од можните новитети кои ќе се појават на Youtube. Еден од новитетите е и навигационото мени од левата страна, кое би требало да ги активира корисниците во посветување на повеќе време на плејлистите и каналите кои ги следат.
Ова е правецот кој Youtube веќе некое време го користи, со оглед на тоа дека почетната страна во голема мера се фокусира на каналите кои корисниците ги следат.
Дизајнот исто така се обидува да го олесни движењето низ различните страници, а може да се очекува и сериозна соработка со Google+.