(ВИДЕО) Богдановиќ: Кривична пријава за лагите на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ не можејќи да ги прикрие своите виртуелни проекти за странски инвестиции и виртуелни вработувања само лаже и манипулира.

Поминаа 24 часа а јас не добив извинување за лагите и манипулациите од координаторот на советничката група и општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска поднесувам пријава до Основното јавно обвинителство“, рече Саша Богдановиќ, претседател на ОО СДСМ Центар.

„Законите во Република Македонија мора да важат за сите подеднакво.

Ексклузивната вест за наводните плати е клеветничка и во неа се содржани и пренесени лични податоци коишто се под посебна заштита.

Тоа е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ во континуитет прибира, обработува и злоупотребува лични податоци на граѓани за разни цели, спротивно на Уставот и законите на Република Македонија.

Ваквото постапување е кривично дело и затоа поднесуваме кривична пријава за сторено кривично дело Злоупотреба на лични податоци.

Исто така поднесовме и пријава до Дирекцијата за заштита на личните податоци, а ќе биде поднесена и тужба за клевета пред надлежниот суд“, изјави Саша Богдановиќ, претседател на ОО СДСМ Центар.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни