Австриецот Феликс Баумгартнер на 14-ти октомври ги испиша новите страници на историјата со скокот од 39.044 метри височина во рамките на прокетот Red Bull Stratos.
Сега, две недели подоцна, Red Bull објави дека тим од експерти кој го анализираше снимениот материјал на скокот, верува дека успеал да го забележи и звукот кога Баумгартнер стана првиот човек кој го проби звучниот ѕид.