Хашките случаи пред Уставен суд

Од:

Aмнестијата на четирите хашки случаи „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“, денеска е во рацете на уставните судии.

За уставноста на автентичното толкување кое пратениците го изгласаа во јули 2010 има  три иницијативи , а една од иницијативите е доставена од семејствата на дванаесетте киднапирани Македонци во 2001 година.

Тогаш веднаш по формирањето на новата влада, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ  ги затворија четирите хашки случаи „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, „Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“ и  преку автентичното толкување ги ослободија од одговорност осомничените за воени злосторства во конфликтот од 2001 година.

Со гласањето за автентично толкување на Законот за амнестија, пратениците на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ пред една и пол година решија да престане кривичното гонење на одговорните лица за четирите Хашки случаи кои беа осомничени за воени злосторства од 2001 година.Ова беше и една од точките  и условите во преговорите за да се формира владиното мнозинство.

ДУИ не верува дека може да се случи уставниот суд да го укине автенточното толкување, во спротивно најавуваат порадикални чекори од  одбраната да не се донесе Законот за бранители, со што го затрупаа собранието со илјадниците амандмани.

Цело раководство на ДУИ  е засегнато од одлуката на Уставниот суд.

Би можело да ве интересира

Како директорот на НОМАГАС, за време на својот мандат, обезбедил капитал за инвестиции во ‘Мерцедес’, прасува ДУИ

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Од спотот ги избришаа Охридскиот договор, НАТО и Албанците

ДУИ: Со ниту една седница на Владата не претседавал еден од албанските вицепремиери

Катерина Ѓуровски

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?

Отстранувањето на албанскиот јазик од таблите на Табановце е провокација, бараме веднаш да биде вратен, реагира ДУИ

Катерина Ѓуровски