Најмалку 90 луѓе загинаа во лизгање на земјиште во близина на рудник во севрениот дел од Мјанмар, соопштија властите.
Само една жена е извадена жива од спасувачките тимови.
Трагичниот инцидент се случи вчера во близина на градот Хпакант во државата Качин. Под земја се десетици домови на локални рудари. Засега не е соопштено ништо за причините за лизгањето на земјиштето.