Победи на Мега Лекс и Крка во АБА лигата

Од:

Екипите на Мега Лекс и Крка забележаа победи во дуелите со У. Олимпија и Цибона, во натпреварите од 11.коло на регионалната кошаркарска АБА лига.

На дуелот Љубљана, екипата на Мега Лекс славеше триумф над Олимпија со 99-89, благодарение на одличната игра во последната четвртина која српскиот тим ја доби со 10 поени разлика (30-20).

Малку недостасуваше ист епилог да има и натпреварот во Ново Место, каде благодарение на „смирената рака„ и прецизно изведените слободни фрлања во финишот од мечот, домашниот тим на Крка ја победи Цибона о 90-86.

На првиот меч од оваа рунда одигран во петокот, Партизан го победи Тајфун со 89-85.
Денеска ќе се игра мечот меѓу Игокеа – Будуќност, а за во понеделник закажани се средбите: Металац – Цедевита (18 часот), МЗТ Скопје Аеродром – Задар (18) и Сутјеска – Црвена звезда (21).
Табела:
1. Мега Лекс 19 бодови
2. Будуќност 18
3. Црвена звезда 17
4. Цедевита 17
5. Крка 17
6. Игокеа 15
7. Унион Олимпија 15
8. Задар 15
9. Цибона 15
10. Партизан 15
11. Тајфун 15
12. МЗТ Скопје Аеродром 14
13. Металац 14
14. Сутјеска 13.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос