Американската државна секретарка Хилари Клинтон и високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон денеска се во посета на Приштина.
Тие беа пречекани на приштинскиот аеродром од претседателката на Косово, Атифете Јахјага и шефот на канцеларијата на ЕУ во Косово, Семуел Жбогар.
Според најавите, Ештон и Клинтон ќе имаат средби со претседателката Јахјага, премиерот Хашим Тачи и лидерите на политичките партии.
Пред посетата на Приштина, Клинтон и Ештон беа во Сараево и Белград, а по завршувањето на разговорите тие ќе отпатуваат за Тирана.
Како што е предвидено американската државна секретарка ќе го посети и Загреб.