Целосно е расчистена пругата Велес -Битола која не беше во функција поради одрон на карпи помеѓу станиците Чашка и Богомила, соопшти ЈП Македонски железници – Инфраструктура.
– По расчистување на повеќе од 3000 кубни метри камења, вечерва во 20.00 часот преку железничката линија Велес- Битола ќе помине првиот воз. Проблемот со одронот беше решен откако се минираше големата карпа која претставуваше опасност за одвивање на железничкиот сообраќај на тој дел пд пругата, соопшти претпријатието.