Исламска држава денеска презеде одговорност за нападот врз армијата во југоисточниот дел на Јемен, објави американскиот центар за набљудување на исламистичките интернет-страници (СИТЕ).
Претходно, неименуван претставник на јеменската армија изјави дека нападот го извршила Ал Каеда.
СИТЕ наведува дека ИД објавила соопштение дека извршила напад во јеменската провинција Хадрамаут при што загинаа 50 јеменски војници.
Јеменската армија и медицински извори соопштија дека во нападот и судирите загинале 15 војници и 19 напаѓачи.