Во Скопје на улицата „Индира Ганди“, вчера околу 18 часот и 30 минути се случило киднапирање. Според податоците од полицијата, Џ.М. со уште две непознати лица насилно внел 14 годишно девојче од Скопје во автомобил „Мерцедес“, по што се упатиле во непознат правец.
МВР денеска соопшти дека по преземени мерки пронајдено е возилото и приведени се 42-годишниот С.А. и 21-годишниот Ш.М. додека по Џ.М. и девојчето се уште се трага.
Полицијата дава се од себе да го најде девојчето.