Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја постигна и втората победа во групата „Стен Смит“ на Мастерсот во Лондон, откако синоќа со 2:0 во сетови го победи Томаш Бердих.
Со овој триумф тој го освои второто место во групата и во сабота во полуфиналето ќе игра против Рафаел Надал, кој е прв во другата група.
Ѓоковиќ го совлада Бердих со 6:3 и 7:5.
На првиот меч од 3. коло од групата Рожер Федерер со 2:1 во сетови (7:5; 4:6 и 6:4) го победи Кеи Нишикори.
На чело на табелата во групата заврши Федерер со скор 3-0 (победи-порази), Ѓоковиќ е втор со 2-1, а потоа следуваат Нишикори 1-2, Бердих 0-3.
Денеска се играат мечевите од 3. коло од групата „Илие Настасе“. Први на теренот ќе бидат шпанските тенисери Рафаел Надал и Давид Ферер, а потоа следува дуелот за второто место во групата Енди Мареј и Стан Вавринка.