Душко Вујошевиќ одбил да биде селектор на Македонија

Од:

Душко Вујошевиќ ја одбил понудата на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), да стане селектор на репрезентацијата, пренесува Новости.

Вујошевиќ, кој изминатите неколку денови се поврзува со клупата на евролигашот Армани Милано, рекол дека во овој момент повеќе го привлекува работата во клупската кошарка.

„Моите размислувања одат во насока дека како тренер сакам да работам во текот на целата сезона“, рекол трофејниот стручњак.

Душко Вујошевиќ, кој изминатите 15 години го предводеше Партизан (со исклучок на 2010 година), на почетокот од сезоната го напушти клубот. Во кариерата тој во три наврати бил тренер на Партизан, а Црвена ѕвезда, Бреша, Пистоја, Пезаро, Раднички од Белград и ЦСКА Москва, а бил и селектор на репрезентацијата на Србија и Црна Гора во 2003 година, односно на репрезентацијата на Црна Гора.

Македонската кошаркарска репрезентација е без селекторт откако Марјан Србиновски ја напушти функцијата по завршувањето на Европското првенство.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос