Норвешкиот премиер Ерна Солберг остро го осуди соопштението на џихадистите од Исламска држава (ИД) во кое тврдат дека се егзекутирани норвешкиот заложник Оле Јохан Гримсгард Офсгод, како и на Кинезот Фан Жинху.
– Нема причини да се сомневам во соопштението на ИД, изјави Солберг во Осло , означувајќи го убиството на заложниците како „варварски чин“.
Во одделна изјава, Министерството за надворешни работи на Кина соопшти дека офицјален Пекинг е „шокиран од веста за убиството“ на нивниот државјанин.
Портпаролот на Министерството рече дека кинеските власти се уште настојуваат да ја утврдат веродостојноста на соопштението на ИД.
Списанието на џихадистите „Дабик“ претходно, објави дека двајца нивни заложници се убиени со огнено оружје, откако владите на Норвешка и Кина одбиле да платат откуп за нивното ослободување.
Во соопштението на џихадистите не се открива кога и каде биле киднапирани Норвежанецот и Кинезот .
Заедно со соопштението, списанието објавп и фотографии на Офсгод и Жинху, додека биле во заробеништво и откако биле ликвидирани.