ОН: Во Јемен убиени 5.700 луѓе од почетокот на судирите во март

Од:

ОН соопштија дека 5.700 луѓе се убиени од 26 март во судирите во Јемен. Меѓу жртвите се и 830 жени и деца.

Хуманитарниот координатор на ОН за Јемен, Јоханес Ван Дер Клоув изјави дека за 21,2 милиони луѓе односно 82 отсто од жителите на државата потребна е хуманитарна помош.

Според него, 14 милиони луѓе во Јемен немаат пристап до здравствена заштита додека 1,8 милиони деца веќе не одат на училиште откако почнале судирите во државата.

– Речиси 320.000 луѓе се акутно неухранети, нагласи тој.

Ван Дер Клоув не прецизира колку цивили се меѓу 5.700 убиени во конфликтот во Јемен што почна во март оваа година. За време на судирите повеќе од 120 илјади луѓе го напуштиле Јемен додека околу 2,3 милиони побегнале од своите домови.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски