Груевски: Новата програма ќе ја пишуваме заедно со граѓаните

Од:

Програмата денес почнуваме да ја пишуваме заедно. Посакувам активизам, иницијативност, бомбардирање со идеи на кои силно ќе се посветиме и ќе се фатиме во костец да ги реализираме. Не ветуваме чуда, ветуваме макотрпна работа, истакна премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во обраќањето по повод почетокот на кампањата за прибирање идеи од граѓани за новата програма на партијата.

Тој побара граѓаните да бидат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори 2016-2020 и вети дека ВМРО – ДПМНЕ тргнува во нов циклус моќно, одговорно и решително во пишување на новата реална програма која ќе биде најсеопфатна и ќе претставува нов револуционерен исчекот во политичкиот дискурс во Република Македонија.

– Нашата програма граѓаните ја чувствуваат како своја бидејќи знаат дека се што е во неа ќе биде реализирано. Како резултат на барањата и идеите на граѓаните досега се реализирани многу проекти во сите градови во Македонија. Денес треба да се стремиме кон напредок, рече Груевски.  

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно