Саша Богдановиќ, директор на ЈП „ Паркинзи Центар“ денес до Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски.
Богдановиќ бара од обвинителството да ја констатира фактичката состојба и да поведе кривична постапка против Јакомовски за сторено дело „Лажно пријавување на кривично дело“.
Еве што напиша Богдановиќ:
Денес до ОЈО поднесов кривична пријава против Стевчо Јакимовски.
Затоа што на втори октомври годинава од страна на СтевчеоЈакимовски бев јавно обвинет дека „Ги принудувам своите членови (мислејќи на членовите на СДСМ) и симпатизери да се потпишуваат (на петицијата против ДУПот во Карпош) при што ги развезуваат со возила од ЈП „Паркинзи центар“, односно обвинет бев, дека сум сторил кривично дело. Јавно побарав извинување. Извинувањето од Стевчо Јакимовски никогаш не беше ниту дадено, ниту објавено. Затоа, како што ја милува и самиот паролата „во согласност со Устав и закон“, денес побарав пред надлежните органи заштита на моите права како оштетен. Тие што го почитуваат Уставот и законот ја знаат тежината на сите измислици што се шират во јавноста.