Во Струмица дефиле за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи

Од:

Во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата денеска на пладне со дефиле по булеварот „Маршал Тито“ во Струмица беше оддадена почит и сеќавање на жртвите од сообраќајните несреќи.

Во дефилето  учествуваа ученици од основните и средните училишта, јавните претпријатија, како и членови на повеќе невладини оргранизации и институции.

– Со денешното сообраќајно дефиле, сакаме  да му дадеме внимание на секој учесник во сообраќајот, посебно на децата. Се надевам дека сите учесници во сообраќајот ќе се присетат на жртвите во сообраќајните несреќи и оти она застанување на семафорите од  дваесетина секунди значи дека треба да внимаваат на себе и на животите на останатите учесници, рече Зоран Узунов,претседател на  Општинскиот одбор за безбедност на патиштата-Струмица.

Според податоците од  Секторот за внатрешни работи, во општина Струмица од први јануари до 30-ти јуни годинава се случиле 115 сообраќајни несреќи, од кои 42 со тешки последици. Нема загинати, потешко биле повредени девет лица, а 53 полесно.Причинетата материјална штета изнесува 8.287.000 денари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите