Авганистан ќе бирa претседател на 5. април

Од:

Претседателските избори во Авганистан ќе се одржат на 5 април 2014 година, неколку месеци пред конечното повлекување на трупите на НАТО од земјата, изјави денеска неименуван претставник на Независната изборна комисија.

Авганистанскиот Устав му забранува на претседателот Хамид Карзаи, чиј втор мандат е во тек, да се кандидира на претстојните избори и опозициските групи врз него вршеа голем притисок да го објави датумот на гласање за нов претседател.

Како што соопшти Независната изборна комисија, датумот на гласање е одреден и ќе биде официјално соопштен на прес-конференција што ќе се одржи утре.

Реизборот на Карзаи во 2009 година беше проследен со бројни обвинувања за изборна кражба, па веродостојноста на наредното гласање се смета за клучна за стабилноста на Авганистан по повлекувањето на силите предводени од НАТО.

Карзаи е единствен избран шеф на авганистанската држава откако со инвазија на чело со САД во 2001 година е соборен тврдокорниот исламистички режим на талибанците.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан