СДСМ: Над 1.000 рудари остануваат без работа, Груевски се крие!

Од:

„Индиската фирма Индо минерали и метали којашто раководи со рудниците за олово и цинк „Тораница“ и „Добрево“ се повлекува од Македонија. Над 1.000 рудари остануваат без работа, загрозена е егзистенцијата на илјада семејства.

Задолжени со кредити и неплатени сметки, поради неисплатените плати во изминатите неколку месеци, рударите се оставени сами да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Рударите се револтирани и со право реагираат. Извршители само што не им затропале на врата поради натрупаните неплатени сметки и долгови.

Неколкумесечната борба и штрајк на рударите за спас на рудниците, за жал не вродија со плод. Никола Груевски немаше слух за нивните маки и проблеми со коишто се соочуваат.

Никола Груевски напразно ветува виртуелни проекти и виртуелни инвестиции додека странските инвеститори секојдневно ја напуштаат земјава.

Пред два месеци некогашниот Џонсон Контролс најави дека си заминува од земјава. Сега уште еден странски инвеститор ја напушта Македонија.

Поради погрешните политики на Никола Груевски бизнис климата во Македонија е UNDOING бизнис. Странските инвеститори ја напуштаат државата, луѓе остануваат без работа.

Наместо да се крие од јавноста, Никола Груевски да излезе пред граѓаните и пред рударите и да одговори зошто овој странски инвеститор си заминува од Македонија?

Никола Груевски им одзема 10 години од животот на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата „Ленинова“ во Скопје

СДСМ: Апсурд од премиер, Мицкоски кој врши партизација ветува деполитизација

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ