Заев се сретна со извршниот директор на словенечката Стопанска комора

Од:

„Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, оствари средба со извршниот директор на словенечката Стопанска комора, Хрибар Милиќ, на којашто се разговараше за прашања од економската сфера и околу соработката меѓу двете земји на економски план.

Податокот што најголемите словенички компании се пристуни во Македонија го покажува интересот на словенечкиот капитал за инвестирање во земјата, меѓутоа потребни се системски реформи во Македонија за продлабочување на соработката и за отварање на пазарот за нови инвестиции, соопшти претседателот на словенечката Стопанска комора, Милиќ.

Вискокиот претставник на словенечката Стопанска комора посочи дека дел од проблемите со коишто се соочуваат словенечките бизнисмени во Македонија се поради нефункционирање на правната држава и одлоговлекување на судски спорови во неразумен рок.

Претседателот Заев нагласи дека една од клучните заложби на СДСМ е неопходната департизација на институциите во Македонија и независно судство. Казнените политики треба драстично да се променат и да не се користат како начин и метод на репресија над бизнисите“, соопштуваат од СДСМ.

– Идната Влада предовдена од СДСМ ќе отвори простор за развивање на соработката помеѓу двете држави на економски план, според потребите на двете земји, рече претседателот Заев.

Тој најави проширување и интензивирање на соработката со Словенија во сферите на земјоделството и туризмот.

Претседателот Заев и извршниот директор на словенечката Стопанска комора, Милиќ, разговараа околу можностите за помош и поддршка што може да ги даде комората на Словенија на компаниите од Македонија, коишто се заинтересирани да ги продаваат своите производи во Словенија. Директорот Милиќ најави заложби на тој план и овозможување контакти и средби на компаниите од Македонија со словенечки фирми.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме