САД и ирачките Курди ќе продолжат да соработуваат во борбата против ИД

Од:

Армијата на САД и вооружените формации на ирачките Курди ќе продолжат да соработуваат во борбата против Исламска држава и ликвидирањето на маршрутите за снабдување на џихадистите, соопшти Белата куќа по вчерашниот телефонски разговор меѓу заменик-претседателот Џо Бајден и претседателот на Ирачки Курдистан, Масуд Барзани.

– Двајцата лидери нагласија дека операцијата за ослободување на северниот ирачки град Синџар од ИД од минатата недела е дел од заедничката кампања за зајакнување на притисокот врз ИД во нејзиното срце и ликвидирање на маршрутите за снабдување меѓу Моуил во Ирак и Рака во Сирија, се наведува во соопштението.

Бајден и Барзани истакнаа дека притисокот ќе продолжи следните недели и месеци.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија