Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун нема да ја посети Северна Кореја следната недела, изјави неговиот портпаролот Стефан Дужарик, кој негираше информација на севернокорејски медиуми.
– Генералниот секретар нема да патува идната недела во Северна Кореја. Тој ќе биде во Њујорк и подоцна ќе замине за Малта. Оттаму заминува за Париз за да учествува во 21-та конференција за климата, изјави неговиот портпарол.
Тој додаде дека Бан многупати изразувал подготвеност за „каква било конструктивна улога“, вклучително и да ја посети Северна Кореја за да се поттикнат разговорите за мир, стабилност и дијалог на Корејскиот Полуостров.