Десетици илјади домаќинства во Ирска се без струја поради налет на бура која го отежна и одвивањето на авио-сообраќајот.
Силен ветар оштети електрични кабли поради што 45.000 домаќинства останаа без електрична енергија, јавуваат локални медиуми.
Метеорлошката служба предупреди дека ударите на ветар може да достигнат брзина од 180 км/час.
Предупредено е дека бурата Барни може да предизвика и поплави. Поради лошите временски услови, откажано е движењето на траекти кон Велс.