Американската државна секретарка Хилари Клинтон и високата претставничка на Европската Унија Кетрин Ештон се состанаа денеска попладне во Белград со српскиот претседател Томислав Николиќ и премиерот Ивица Дачиќ. Тема на разговор се српските евроинтеграции и дијалогот со Приштина.
Посетата на државниот секретар на САД, Хилари Клинтон и на високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон во Белград ја обезбедуваат 4.000 полицајци, а одредени улици се затворени за сообраќај.
„ Имаме црвена линија, а таа гласи дека нема признавање на независноста на Косово. За секој проблем сме подготвени да понудиме практичен модус“, рече српскиот премиер пред средбата која почна доцна попладнево.