ЖИВО: Предавање на Заев во Љубљана

Од:

Во Љубљана денеска со почеток во 16 часот, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ќе одржи предавање со наслов „За вистината на Македонија“.

Предавањето ќе биде дел од образовниот циклус на тема „Западен Балкан и ЕУ“, кој го организира Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES Institute), кој се наоѓа во главниот град на Словенија.

Институтот се занимава со анализи на меѓупартиските односи со цел да ја промовира важноста на политичкиот компромис и довербата во мерките за регионално или глобално разрешување на конфликти. Активностите на институтот се насочени кон меѓународната политика и економија, меѓународните односи и советување на државните институции, како и не-државните актери.

Институтот го најавува Зоран Заев како политичар кој припаѓа на новата генерација политичари, чии цели се да овозможи благосостојба за граѓаните на Македонија, и да ја зголеми транспарентноста и општата граѓанска слобода.

„Актуелната влада не успева да ги загарантира овие основни општествени права, додека истовремено е обвинета за нелегално прислушкување на повеќе од 20.000 граѓани во период од неколку години. Заедно со СДСМ и останатите опозициски партии, Зоран Заев го објави проектот „За вистината на Македонија“, по кој следеа голем број на протести на граѓани, независно од нивната етничка позадина“, стои во поканата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешното предавање ќе зборува за актуелната ситуација во Македонија, патот кон членството во ЕУ и НАТО, како и регионалната соработка.

Предавањето ќе биде одржано на македонски јазик. Истовремено, ќе биде преведувано на англиски и словенечки јазик. По предавањето ќе следува дискусија со Зоран Заев, во која ќе се вклучат и претседателите на институтот, Зијад Бечирович и Бакхатјар Аљаф.

Предавањето може да се следи во живо на овој линк.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!