СДСМ: Фрапантни податоци за смртност на бебиња, Груевски го штити Тодоров

Од:

Смртноста на новороденчињата во Македонија е 14 на 1.000 живородени бебиња!

Во општините во Македонија каде што недостигаат гинеколози, Берово, Гевгелија, Дојран… умираат до неверојатни 30 бебиња на 1.000 живородени!

Овие фрапирачи податоци призлегуваат од научната демографска студија за зголемената смтрност на новороденчиња во Македонија, објавена деновиве.

Никола Тодоров досега не понесе одговорност за ниеден скандал во здравството што се случува за неговото министерување.

Мајки и бебиња умираат на породување. 229 новороденчиња умреле за една година според податоци на Евростат. Се пука во лекари.

Незадоволни пациенти и незадоволни лекари ја земаат правдата во свои раце што ги доведува во ризик нивните животи. Болниците се руина. Скапо набавената опрема од страна на власта или не работи или стои во кутии.

Никола Тодоров го интересираат само тендери, а Никола Груевски го поддржува.

Никола Тодоров и Никола Груевски напразно бараат брза помош за спас. И по фрапантните податоци за смртност на бебиња, Груевски го штити Тодоров.

Тодоров мора да даде оставка веднаш. Тодоров и Груевски ќе одговараат за секоја жртва на системот во здравството“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ