„Никола Груевски трет ден молчи откако е фатен дека лаже за виртуелни инвестиции од 600 милиони евра.
Зошто Никола Груевски јавно не излезе и да каже конкрено каде се 600 милиони евра што неговиот кум, Зоран Ставрески, рече дека од 2012 година се инвестирани во железницата?
Граѓаните знаат, затоа што ги нема.
За време на мандатот на Груевски за три до четири пати се намали вкупниот бројот на локомотиви и патнички гарнитури поради негрижа и нередовна санација.
Никола Груевски, цели 10 години не успеа да го реши ниту клучниот проблем, обнова и реконструкција на застарените железнички пруги.
Дури и реконструцијата на железничката станица во Скопје, вредна 2.6 милиони евра, е обезбедена од фондовите на Европската унија.
Виртуелните 600 милиони евра инвестиции се нова предизборна лага, после изјавата на Груевски дека ќе изгради 3 студетски домови откако 10 години барал локација за нов студетски дом.
За време на мандатот Груевски не успеа да обнови ниту 10% од сместувачките капацитети на студетските домови и не изгради ниту еден студетски дом.
Со само мал дел од 630-те милиони евра што Груевски ги потроши за споменици можеше да се направат неколку нови, ултрамодерни студетски домови.
Очигледно на Груевски поважни му се бизнис-фасадните интереси на фамилијата од студентите.
Затоа на Никола Груевски никој не му верува. Заврши ерата на Никола Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.