Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на регионалниот пат Градско-Прилеп во атарот на селото Дреново.
– Во сообраќајката учествуваа два патнички автомобила. Со повреди се здобија двајцата возачи кои се пренесени во Јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци, информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
Во тек е увид, а сообраќајот се одвива нормално.