Втор натпреварувачки ден на завршниот Мастерс тениски турнир кој се одржува во Лондон
Во првиот меч на денешната програма, а во рамките од 1. коло во групата „Илие Настасе“, Британецот, Енди Мареј во два сета го доби Давид Ферер од Шпанија.
Мареј ја оправда улогата на фаворит во дуелот со седмо рангираниот Ферер, па мечот го реши во своја полза за само час и 30 минути игра, добивајќи ги двата сета со идентични 6:4.
Во вториот меч од оваа група, вечерва во лондонската „О2“ арена, ќе истрчаат еден спроти друг (4-носител) Станислас Вавринка од Швајцарија и Шпанецот, Рафаел Надал (5).