(ВИДЕО) Марјанчо Николов: Владата ќе не задолжи со пола милијарда евра!

Од:

Граѓани, Владата планира да ве задолжи со 300 милиони евра, ако на ова се додадат кредитите кои веќе ги земавме од 200 милиони евра, тоа се 500 милини евра, предупреди пратеникот од СДСМ, Марјанчо Николов, на денашната собраниска расправа за Предлог-буџетот на Република Македонија за 2016 година.

За јавниот долг пратеникот рече дека изнесува над 50 отсто од Бруто домашниот производ, иако податоците на Владата го прикажуваат како 43,9 отсто. Буџетот за следната година, рече тој, не е ништо ново, освен нови долгови. Според него, буџетот е расипнички, недомаќински, нереален и неразвоен.

-Ова не е буџет за развој, туку обид за опстанок на Владата, буџет во кој секој Македонец ќе биде задолжен со нови 150 евра следната година. Овие долгови ќе ги плаќаме сите ние. Имате најнетранспарентен буџет, не се знае голем дел од парите каде ќе се потрошат. Политиките на Владата ќе донесат само нова сиромаштија, беда, помал животен стандард, сметки и луѓе без работа – рече тој.

Јавниот долг, посочи Николов, Владата го пресметува со методологија различна од методологијата што ја применуваат меѓународните финансиски институции. Ја обвини Владата дека го крие долгот на јавните претпријатија, на акционерските друштво во државна сопственост. Побара од министерот, Зоран Ставревски, да каже колку должат: „Охис“, „Емо“, „Еврокомпозит“, „Македонски шуми“, „Македонски железници“, „Македонски транспорт“ и македонските општини.

Николов го праша министерот за финансии како Владата ќе го намали дефицитот во Фондот за пензиско осигурување и обвини дека пензиите се исплаќаат со пари од подигнати кредити.

-Тие кредити вашите деца и внуци ќе го враќаат. Како ќе го намалите дефицитот, до кога мислите само поради гласови да се додворувате на пензионерите и да земате кредити за да ги исплатите пензиите. Во извештајот на Европската комисија стои дека Владата троши повеќе отколку што може. Не го вика тоа СДСМ, туку Европска комисија. При тоа се кажува дека долгот на оваа Влада е умерен, но се зголемува од 2008 година. Голема опасност се скриените задолжувања, зошто ги криете долговите на институци каде Владата е доминантен сопственик – порача пратеникот.

Министерот Ставревски реплицираше дека во однос на 2006 година извозот во Македонија е двојно зголемен по заслуга на странските инвестиции. На обвинувањата за голема невработеност во земјата, Ставревски рече дека актуелната Влада наследила невработеност од 37 отсто, додека сега таа изнесува 26 отсто. Кај младите, пак, како што рече Ставревски, невработеноста паднала од 60 на 46 отсто.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

СДСМ: Дали криминалецот Симе е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко?

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните