Хрватот Жан Табак е назначен за нов тренер на Макаби Тел Авив, потврди денеска клубот Израел. Табак потпишал договор до крајот на сезоната, со можност за продолжување на уште една година.
Тој ќе го замени Гај Гудес на клупата на „Гордоста на Израел“ кој беше отпуштен по серијата слаби резултати.
Макаби за ангажманот на Табак плати 100 илјади евра оштета на досегашниот негов клуб Фуенлабрада.
Во својата тренерска кариера Табек ги предводеше Жирона, Трефл Сопот, Лаборал, а два пати беше асистент во Реал Мадрид.