ВМРО-ДПМНЕ и ДПА ја кочат собраниската расправа за „бомбите“

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не предложиле свои членови за Анкетната комисија во Собранието која требаше да се формира денеска за што поскоро да почне со утврдување на околностите и наводите поврзани со прислушуваните разговори.

Од опозицијата велат дека ова е уште еден начин на владејачката партија да го кочи процесот и да ги избегнува колку што може скандалите од т.н. политички бомби.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска на неопределно ја одложи седницата затоа што ВМРО-ДПМНЕ и ДПА немаа своите предлози и молчеа наместо да образложат зошто.

-Играат на картата да купат повеќе време, но не можат ништо суштински да спречат затоа што тоа е дел од договорот во Пржино. Очигледно се обидуваат да направат опструкција за максимално да се одлага скандалот со прислушувањето. Бегаат од дебата во Анкетната комисија – вели пратеникот Горан Мисовски од НСДП.

Со Анкетната комисија треба да претседава претставник од опозицијата, а опозицијата ќе го предложи Петре Шилегов. Горан Мисовски ќе биде предложен за заменик-претседател, а за членови Васко Ковачевски и Томислав Тунтев.

Според договорот меѓу политичките партии Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето треба да биде составена од 16 члена. Форматот е определен според Деловникот на Собранието. Осум членови ќе бидат на предлог на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, четири на предлог на опозицијата, два на предлог на ДУИ, еден на предлог на ДПА и еден независен член.

Оваа комисијата требаше веќе да почне со работа, но поради пробивањето на роковите нејзиното формирање се одложуваше. Првиот извештај треба да го поднесе до крајот на јануари. Комисијата треба да ја истражува политичката одговорност и содржината на „бомбите“.

М.В.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски