Туск: Русија ја „поттикна“ бегалската криза

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск ја обвини Русија дека со својата интервенција во Сирија ја „поттикнала“ бегалската криа и продонела за зголемување на бројот на имигрантите кои се обидуваат да стигнат до земјите на ЕУ.

Поранешниот полски премиер во обраќање на дводневниот Самит на групата Г20 во турскиот град Анталија, побара од Москва „повеќе да се насочи кон џихадистоте на Исламска држава“, а не да дејствува против силите на „умерената сириска опозиција“.

Официјална Москва тврди дека целта на нејзниното вклучување во сирискиот конфликт е елиминацијата на џихадистите и на сите терористи кои делуваат во Сирија, објаснувајќи го тоа и со руската безбедност, поради географската близина на регионот до Русија и неколкуте илјади руски муслимани кои војуваат во редовите на џихадистите.

Западот меѓутоа тврди дека руската интервенција во конфликтот во Сирија е дел од стратегијата на официјална Москва за засилување на позицијата на сирискиот претседател Башар ал Асад, како и да се обезбеди неговото останување на власт.

Туск зборуваше и за потребата од координација и заедничко дејствување на САД и Русија против радикалните исламисти и џихадисти.

– Нивното заедничко дејствување во Сирија е од извонредно значење, рече претседателот на Европскиот совет, нагласувајќи дека не е потребна само соработката, туку и постоењето „добра волја“, посебно од руска страна, за акција на сирискиот терен.

Изјавата на Туск доаѓа по териристичките напади во Париз за кои Исламска држава тврди дека се нејзнино дело.

Инаку, на маргините на Самитот на Г20 се одржи и средба „во четири очи“ меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Барак Обама, која и двете страни ја оценија како „конструктивна“, без да соопштат детали за разговорите.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска