Ѓорческа го загуби сингл финалето во Анталија

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е поразена во финалето на фјучрсот во Анталија. Таа денеска загуби од Русинката Алиса Клејбанова со 2-0, по сетови 6:3 и 6:4.

На тој начин беше прекината серија од 11 победи за Македонката во сингл конкуренција.

Во првиот сет се играше гем за гем до 3:3, а потоа Клејбанова ги освои следните три гема. Во вториот сет Ѓорческа водеше со 2:1, но следуваше пад во нејзината игра, што и овозможи на ривалката да стигне до трофејот.

За пласманот во финалето Ѓорческа ќе освои седум поени, додека за победата на фјучрсот од претходната недела ќе добие 12 поени и ќе има скок на ВТА листата.

Македонската тенисерка утре ќе го подобри пласманот на ВТА листата и во конкуренција на двојки по вчерашното прво место во Анталија со нејзината партнерка Ива Приморац од Хрватска.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров