Ѓорческа со Приморац победнички во двојки на фјучрсот во Анталија

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во игра на двојки со нејзината партнерка Ива Приморац од Хрватска го освоија фјучрсот во Анталија.

Тие денеска во финалето ги победија првите носителки Алона Фомина (Украина) и Кристина Шаковец (Германија) со 2-1.

Ѓорческа и Приморац го добија првиот сет со 6:4 во гемови. Во вториот сет беше 6:4 за Фомина – Шаковец, па се играше трет решавачки сет. Во него по голема борба, со 13:11 на поени славеа Македонката и нејзината партнерка.

Лина успешно настапува и во сингл конкуренција на овој турнир. Таа во полуфиналето со само три загубени гема ја победи Гиулнара Назарова од Украина со 6:3 и 6:0 во сетови. Во финалето нејзина противничка ќе биде Алиса Клејбанова од Русија.

Русинката во второто полуфинале ја совлада Менди Вахемејкер од Холандија со 2:0 во сетови.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров