СДСМ: Груевски 10 години барал локација за студентски дом

Од:

„Зарем Никола Груевски, човекот којшто во изминатите 10 години не изгради ниту еден студентски дом, денеска најавува изградба на нови 3 студентски домови?

Студентите, младите, граѓаните се чудат што слушаат. Вакво потценување на интелегенцијата на младите од страна на Груевски одамна не било забележано.

Истиот Никола Груевски кој не направи ништо за студентите денеска рече дека во изминатите 10 години барал локација за изградба на студентски домови.

Ако Груевски 10 години барал локација колку ли години ќе му требаат за да изгради нов студентски дом?

Груевски во изминатите 10 години не само што нема изградено ниту еден студентски дом туку за овој период реконструирани се само 200 студентски легла во домот Стив Наумов кој сместува 2.000 студенти.

Тоа значи дека само 10 отсто од капацитет на домот е реконструиран за цели 10 години.

Иста е ситуацијата и со студетскиот дом Гоце Делчев, со капацитет од 1.200 легла, каде што реконстриурани се само 140 легла, односно помалку од 10% од вкупниот број.

Бројките се јасни, Груевски ни за 100 години не може да реконструира еден студентски дом а камо ли да најавува изградба на нов.

Впрочем, студентите се уште чекаат ВМРО-ДПМНЕ да им ја отстапи луксузната партиска зграда во Скопје и навистина да покаже грижа за нив.

Кого лаже Груевски не знаеме но едно е факт, студетните и младите не му веруваат.

Студентите, младите, граѓаните, сите го чекаат заминувањето на Никола Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците