Македонскиот кошаркарски интернационалец Перо Антиќ не успеа да се запише во листата на стрелците синоќа во победата на неговиот Фенербахче против Химки. Тој за 16 минути поминати на паркетот имаше еден неуспешен обид за тројка, четири скокови и една асистенција.
Резултати од 5.коло на Евролигата и табели по групи:
А група: Баерн – Црвена Звезда 79:90, Стразбур – Реал Мадрид 93:86 и Фенербахче – Химки 88:83.
Табела: Фенербахче 4-1 (победи-порази), Химки 3-2, Реал Мадрид 2-3, Баерн 2-3, Црвена Звезда 2-3, Стразбур 2-3.
Б група: Анадолу Ефес – Олимпијакос 87:91, Лимож – Емпорио Армани 74:65, Цедевита – Лаборал 76:67.
Табела: Олимпијакос 4-1, Лаборал 3-2, Цедевита 3-2, Анадолу Ефес 2-3, Лимож 2-3, Емпорио Армани 1-4.
Ц група: Барселона – Локомотив Кубан 72:68, Каршијака – Зиелона Гора 77:66 и Панатинаикос – Жалгирис 91:56.
Табела: Локомотив Кубан 4-1, Барселона 4-1, Панатинаикос 2-3, Каршијака 2-3, Жалгирис 2-3 и Зиелона Гора 2-3,
Д група: Макаби – Дарушафака 73:84, ЦСКА Москва – Уникаха 78:86 и Динамо Сасари – Бамберг 73:90.
Табела: Уникаха 5-0, ЦСКА Москва 4-1, Бамберг 3-2, Дарушафака 2-3, Макаби 1-4, Динамо Сасари 0-5.