Поранешниот претставник на Обединетите нанации за северно Косово, Џералд Галучи смета дека само со воспоставување на целосен авторитет на Србија во северниот дел на покраината, ќе се обезбеди мир и стабилност, а истовремено ќе биде отворен и пат за признавање на независноста на останатиот дел од Косово.
Истовремено, според него Србија не треба да очекува дека некогаш повторно ќе владее со делот од Косово, јужно од Ибар.
Како што пренесува српски Блиц, според теоријата на Галучи, би се нацртала линија за поделба на Косово од Србија, а постојат 3 сценарија за ваквото решение.
Србија би можела едноставно да ги наметне своите права врз северно Косово, кое и онака го контролира.
Потоа, на српската полиција може да и се дозволи да се врати на Косово, согласно Резолуцијата 1224 на ОН.
Според третата можност, пак со нова резолуција на Советот за безбедност на ОН, може да се запре мировната мисија на НАТО и ОН на Косово и да се признае Ибар како нова граница.
Со ниту една од овие можности, не се бара од Белград да ја признаат независноста на Косово, но смета Галучи, вака би се ослободил патот на Србија кон соседите.
Тој верува дека косовските лидери ќе се жалат и ќе се закануваат со дестабилизација на југот на Србија и во Македонија и уште повеќе ќе се свртат кон идејата за Голема Албанија. Затоа Косово и понатаму ќе треба да биде внимателно набљудувано од страна на Европската Унија.
Акциите како политичкото апсење на српските припадници на УНМИК и нападот на НАТО на 1-ви јуни, само го засили нивниот отпор да бидат дел од независно Косово. Можеби тоа беше и нечија цел, тврди Галучи.